Во првиот текст за Николај Бухарин („Љубимецот“) нагласив дека бил миленик како на Ленин, така и на Октомвриската револуција; бил еден од авторите на Новата економска програма (НЕП); го сметале (заради неговата релативна младост) за enfant terrible; бил на страната на Сталин во политичката борба против Троцки, Зиновјев и Камењев, покасно погубени. Едноставно, бил во центарот на збиднувањата. Во средината на дваесетите години од минатиот век, прашан дали во советската држава има место за двопартијност, како и повеќето болшевици (надмени и охоли) кратко одговорил: „Можеме да имаме двопартиски систем, но една од двете партии ќе седи во Владата, а другата во затвор.“ Набргу, особено после 1929 година, започнува неговата политичка и животна хаварија. На 15 март 1938 година бил егзекутиран, како напријател на СССР.
Чудно е како луѓето не водат сметка за последиците од сопствените зборови и постапки. Наивно веруваат дека она што важи за другите, не важи и за нив, бидејќи тие (така сметаат) не се како другите. Тоа не значи дека историјата не нѐ учи. Напротив, таа нѐ учи. Вистинскиот проблем е во тоа што повеќето не сакаме историјата да нѐ научи на она на кое нѐ учи. Потоа, се чудиме што ни се случува.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи