Откако се појави феноменот корона, се поделивме на оние кои веруваат во нејзиното постоење и на оние кои не веруваат во нејзиното постоење. Тоа ме потсети на една досетка со која се послужив во мојот магистерски труд „Религијата и моралот“, одбранет 1982 година. Еден човек, прашал друг човек, дали верува во духови. Другиот одлучно, без двоумење, одговорил: „Не верувам дека постојат! Меѓутоа, од нив се плашам.“ Така и ние – верувале или не во постоењето на короната, од неа стрепиме. И, што е позначајно, постоела или не, таа од корен ги промени/разоткри нашите животи, нашите вредности, нашите стравувања и нашите надежи.
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи