Во рамки на проектот „Интернет суперхерои“, 48 ученици од двете основни училиштa ООУ„Ванчо Прке“ – Делчево, „Св.Климент Охридски“ Делчево и средното училиште СОУ “Методи Митевски – Брицо” – Делчево , од Делчево на почетокот на месецот беа во посета на регионалната Tv Star – Televizija Star -Штип. Целта на посетата беше одблиску да се запознаат со начинот на кој работи најголемата медиумска куќа на Истокот, како се создаваат медиумските содржини и каква е техничката опременост. Учениците имаа можност да дознаат и како новинарите се справуваат со лажните вести низ интернет просторот и како придонесуваат за медиумската писменост.
За време на посетата тие покажаа интерс за вклучување во вакви практични активности преку кои полесно и поинтересно ќе научат нешто за медиумската писменост, новите медиуми и како да се справат со лажните вести. Тие веќе имаат неколку тематски единици во редовната настава кои делумно ги обработуваат овие теми, но и професорите се согласни дека тоа е премалку. Инаку поттикнати од овој проект тие планираат во иднина да ги активираат новинарските секции во училиштата и да почнат со изработка на училиншни весници, веб страни и водење социјални мрежи.
Оваа активност, Регионалниот центар за застапување – Делчево ја спроведува како грантист во рамките на проектот финансиран од Европската Унија Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк спроведуван од Metamorphosis Foundation и Eurothink – Centre for European Strategies
Извор: Регионален Центар за застапување Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево