По повод 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот, вечерва во Прилеп, со традиционалниот импровизиран напад на Участакот, ќе се потсетиме на историските настани од 1941-та.
За време на БУГАРСКАТА фашистичката окупација овој објект бил претворен во БУГАРСКИ полициски Участок во кој била сместена БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА полиција.
На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз БУГАРСКИОТ полициски участок како и врз други стратешки цели во градот при што имало и убиени БУГАРСКИ војници, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот (БУГАРСКИ) окупатор.
Денеска ќе им биде оддадена почит на загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата во борбите против ФАШИСТИЧКИОТ германски и БУГАРСКИ ОКУПАТОР за слобода на МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше интервју со м-р Александар Јорданоски- Директор на Национален конзерваторски центар Скопје: Чистината и автентичноста се големината на Разловечкото востание
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’