БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

El Chapo сака да даде 14 милијарди долари на сиромашните во Мексико, но САД сакаат да ги запленат парите

Пренеси го гласот

Озлогласениот шеф на картел во Мексико Хоакин “Ел Чапо” Газман е цврсто решен неговите милијарди долари стекнати од трговија со дрога дека треба да завршат кај сиромашните и на работ на егзистенција жители на гетата во неговата родна земја Мексико. Во средата адвокатот Хозе Луис Гонзалес Меза кој го застапувал поранешниот водач на Синалоа Картелот им соопштил на новинарите дека Газман рекол

Парите не им припаѓаат на САД туку на владата на Мексико.

Гонзалес потенцирал дека клиентот ги информирал членовите на неговото семејство дека е добро свесен дека Вашингтон сака да ги заплени овие 14 милијарди долари од поранешниот дилер на дрога.

Ел Чапо останува решен дека парите треба да останат во рацете на Мексиканската нација во услови според кои Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор ќе ги распредели на луѓето во сиромашните населби во Мексико,

-додал неговиот адвокат.

Оваа изјава доаѓа два месеци откако Мексиканскиот претседател објави дека неговата влада ќе стори се што е во нивна моќ да ги заплени парите на поранешниот нарко бос. Одтогаш Мексиканскиот сенат предложи бинационална комисија која ќе преговара за материјалното богатство запленето од мексиканските криминалци кои што се судени и осудени во САД.

Во средате Лопез Обрадор претпазливо ја поздрави изјавата на Ел Чапо во негова изјава:

Ми се допаѓа изјавата, иако не знам дали е вистина, не можам да ја верифукувам, но ако е така како што медиумите пренесоа, дека [Ел Чапо] сака неговото богатство да се распредели на сиромашните луѓе во Мексико, мене ми изгледа доборо и јас ја поздравувам ваквата изјава.

Во Јули федералниот судија Брајан Коган го осуди 62 годишниот нарко бос на доживотна робија плус дополнителни 30 години наредувајќи му на Газман да плати на САД 12,6 милијарди долари- сума која што е еквивалентна на вредноста на количината на илегални наркотици кои биле прошверцувани во САД од неговиот нарко картел, утврдена од страна на поротата во рамки на судскиот процес.

Оваа казна дојде после 11 неделниот судски процес во кој што поротниците во судската сала слушале за бруталните убиства од страна на нарко бандидте, политичките подмитувања, масивното криумчарење на дрога и за животот на висока нога на поранешниот водач на нарко картелот.

Газман моментално се наоѓа во затвор со супер максимално обезбедување во Флоренс, Колорадо, еден од најутврдените затвори во САД.

Меѓународните тела за човекови права како што е Комитетот против мачење на Обединетите нации, долго време ги критикуваат ваквите услови во затворите во САД како “екстремно суров режим”, каде затворениците се држат во тотална социјална изолација долги години со разорувачки ефекти врз психата на затворениците.

Адвокатите на Газман исто така ги критикувале нечовечките услови во кои тој е затворен. Тие исто така се заканиле дека ќе ги откријат имињата на официјални службени лица во кабинетот на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нието, кој владееше во период од 2012-2018 година за кои што тврдат дека поставувале пречки на патот за репатријација на Газман и неговите пари со неговата земја.

Креирано од:


Пренеси го гласот