БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: БУГАРИТЕ ГО КАЖАА СВОЕТО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нашите „мили„ соседи ем „браќа“ бугари, за да не’ „пуштат“ во ЕУ, покрај другото, бараат уште САМО:
– да се откажеме од нашите (малцинството) во Бугарија;
– да се откажеме од терминот „македонски јазик„ односно „да се користи изразот „службен јазик на Република (терминот на с) Македонија“ само кога е апсолутно неопходно да се користи терминот „македонски јазик“ во документите и позициите на ЕУ, треба да се објаснува со ѕвездичка секој пат – „според уставот на Република (терминот на с) Македонија “. Треба да биде јасно дека јазичната норма прогласена за уставен јазик во Република (терминот на с) Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и нејзините прилози во поранешна Југословенска Република по нивната кодификација од 1944 година. Ниту еден документ / изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признание од страна на бугарската страна за постоењето на т.н. „Македонски јазик“, одвоен од бугарскиот“;
– систематско отстранување на знаци и натписи на споменици, спомен плочи и згради на текстови што отворено ја мразат Бугарија, како оние што содржат квалификации како „БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“;
– постигнување на конкретни резултати во работата на Комисијата за периодот од нашата заедничка историја до 1944 година, вклучително. постигнување договор за Гоце Делчев, ВМРО-ВОМРО и Илинденското востание;
– замена на информативни табли и други индикации, вклучително на историски споменици и споменици на културата, во имплементација на договорените текстови;
– договарање за специфични датуми за заедничко одбележување на настаните и лицата со кои се согласува …
Ах бре! Што се измачувате а и нас не измачувате! Едноставно, побарајте Македонија да се припои кон Бугарија и чиста работа. Заев ќе ви го даде тоа!
Некој северџан да каже нешто за бугарскиве барања?

Пишува: Љупче Петрески

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace