БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сите против Криминално-рекетарската власт: Окрупнување на Десницата околу ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ беше објавен старт на новиот процес за окрупнување на политички субјекти со десничарска провиниенција околу ВМРО-ДПМНЕ.

Членови и функционери на ВМРО – Народна партија, Обединети за Македонија и МААК се приклучија кон ВМРО-ДПМНЕ.

“Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференцијата и продолжи:

“Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија.

Она што исто така е вредно да се напомене е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија,”

-заврши Јанушев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace