БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најдобро што може да добие Македонија е “датум за датум” на самитот на лидери на ЕУ, пишува Николоски во својата најнова колумна

Пренеси го гласот

Во својата најнова колумна “Во корумпирана држава не доаѓа „Фолксваген“ ” за порталот Независен.мк потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се осврнува на неуспехот на Владата на Зоран Заев во реализацијата на странските инвестиции во земјата, пред се најновата инвестиција која што германската компанија Фолксваген ја реализираше во Турција.

треба да се знае дека деновиве „Фолксваген“ официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари, за споредба сите инвестиции во период од четири години во Македонија не можат да ја достигнат оваа бројка, отвораат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, 15 илјади семејства ќе ја најдат својата среќа, своето вработување. Ќе произведуваат над триста илјади автомобили годишно главно „пасат“ и „шкода суперб“, што сериозно ќе го зголеми бруто домашниот производ на Турција, како и девизниот прилив зашто најголем дел од нив ќе се извезуваат.

Она што е особено интересно е што во информацијата на „Фолксваген“ дадена за Блумберг се вели дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка.

-пишува Николоски во својата колумна.

Притоа се осврнува на предусловите кои доведоа до ваквата состојба поврзани со нефункционирањето на правната држава и воопшто дефектните економски политики на власта кои повеќе налеикуваат на стихијни импровизации отколку реални економски политики.

Кон крајот на својата колумна Николоски ги искажува своите прогнози во врска со претстој ниот состанок на лидерите на ЕУ членките кои треба да донесат одлука за започнување на преговорите со Македонија.

Младите сакаат нови и повисоки стипендии, помали даноци, стартап-проекти, поддршка за млади брачни парови, даночни олеснувања, сакаат сигурна иднина. Младите ја гледаат Македонија како дигитализирана и напредна земја. Потребна е дигитализација, модернизација на државата. Невработеноста ги присилува младите да се иселуваат, потребни се нови работни места, нови проекти за млади. Пред сè, треба да направиме максимум да останат тука дома и да си ја видат среќата тука.
Во оваа констелација кога не гледаме одговор на овие клучни предизвици секое затскривање на владата на Заев зад крупни меѓународни процеси кои се стратегиски за Македонија е само нивна злоупотреба и нечесен однос.

Спроти самитот на лидери на Европската Унија конечно се надевам дека Македонија ќе добие датум за да отпочне преговори за членство. Тоа ќе е добро за сите. Но, за жал, морам да кажам дека најдоброто што може да го очекуваме е услови кои треба да се реализираат па дури после тоа да се преговара, т.н. датум за датум. Тие услови ќе бидат сè што оваа влада не направи – борба со корупција, одржлив систем на владеење на правото, подобрувања во економијата и политичка инклузивност и дијалог. Тие услови ќе се најдобар доказ зашто мора да има брзи предвремени избори. Да имаше капацитет оваа влада сето тоа да го испорача, ќе го испорачаше овие три години. Потребна е нова стручна и посветена влада која ќе одговори на предизвиците и ќе ја извади државата на прав пат.

-пишува Александар Николоски за Независен.мк.

Креирано од:


Пренеси го гласот