Денес, во прилепската чаршија, имав многу интересна средба. На мое големо изненадување го сретнав другарот Google! Радосен, речиси извикав:
– Еееј друже Google, па кај си ти? Многу ми е драго што те гледам!
– Ооо какво изненадување, друже мој! Лелее, баш се радувам што те сретнав. Како си ми ти, друже? Како животот овде? – со интерес ме прашува Google.
– Туркаме некако ама, како животот повеќе да не турка нас. Сивило, друже. Туку, сега остај тоа. Значи навистина дојде?! Просто не верував дека ќе те видам во Македонија – му се обраќам.
– Ами, друже, како да ти кажам …
– Жал ми е што не разбравме дека доаѓаш – го прекинав. Ние сме познати по гостопримливоста, ќе приредевме дочек … А што навака во Прилеп?
– Ами разбрав, друже, дека во Прилеп сте имале одлична скара па да ја пробаме со другарите, и, …
– Па каде ти се другарите? Со кого си?
– Со MICROSOFT и IBM. Ене ги онаму, ме чекаат на аголот, се брзаме и …
– Чекај бре друже, каде ќе одите така набрзина. Како Ве бендиса нашата скара? – го чепкам, очекувајќи пофалби.
– Види вака друже, знаеш дека сум искрен, скарата ви е добра ама, сепак, разбравме дека имало и подобра. Во Лесковац имало одлична скара.
– Ама како, чекајте …
– Жал ми е друже. Веќе резервиравме. Ќе одиме таму …
– (Гулп) …


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈПДП ја проширува мрежата за продажба на М-таг уреди преку соработка со А1 Македонија и Македонски Телеком
Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните
Божиновска на Евроазиски економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок