Денеска почина ѕвездата на телевизиските серии “Beverly Hills 90210” и “Riverdale”, Лук Пери во неговата 52 година.
Смртта настапила откако актерот претрпел масивен срцев напад.
Во време на смртта тој бил опкружен од неговите деца Џек и Софи, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп, мајката Ен Бенет, очувот Стив Бенет, братот Том Пери, сестрата Ејми Коудер и други блиски роднини и пријатели.
Фамилијата ја цени целата поддршка и молитви кои што биле упатени за Лук од целиот свет и со почит настојуваат приватноста на семејството да биде почитувана.

Роден е во Менсвилд, Охајо, по што после средното училиште се преселува во Лос Анџелес во потрага по актерството. Неговата телевизиска кариера започнала на негови 16 години. Глумел во ТВ сапиниците “Loving” и “Друг свет” а позајмувал глас за анимирани серии како што се “Неверојатниот Хулк” и “Моторџии глувци од Марс”.
Лук Пери стана вистинска тинејџерска сензација со улогата на Дилон во мега популарната ТВ серија “Беверли Хилс 90210” која започна да се емитува во 1990 година. Шоуто стана културолошки феномен а Лук Пери со неговата улога на млад бунтовник стана култна за младите тинејџери и тинејџерки.
Со две од главните актерки во серијата бил во бурни врски.
Уште во времето на неговата најголема популарност кога се емитуваше серијата до 2000 година тој имаше проблеми со алкохолот, за што бил хоспитализиран во повеќе наврати.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ