БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: КАДЕ ВИ Е ЉУБОВТА, ПРАВОСЛАВНИ ПОГЛАВАРИ?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред неколку дена, во Аман, главниот град на Јордан, на покана на ерусалимскиот патријарх Теофил III, заврши „братскиот собор на љубовта“ на предстојателите на православните цркви во светот, на кој присуствуваа „дури“ шестмина предстојателиод петнаесетте афтокефални и пет автономни цркви во светот и тоа, покрај домаќинот, поглаварите на Руската православна црква, патријархот Кирил, на Српската православна црква, патријархот Иринеј, на Полската православна црква архиепископот Авел и на Православната црква на Чешка и Словачка, архиепископот Ростислав, како и претставникот на Романската православна црква, митрополитот Нифон.

После неуспешниот Критски Собор во 2016 год., овој „братски собор на љубовта“ само потврди колку нељубов има меѓу православните поглавари и во колку голема криза е православието. Се разбира, по нивна заслуга. И зошто сето тоа? Заради превласт во однос на некоја братска Помесна Црква. Заради суета. За да се покаже кој од нив (поглаварот на Руската Црква и поглаварот на Цариградската Патријаршија) е поголем и има поголеми овластувања; кој има или нема право да издава Томоси, односно да признава автокефалност на некоја Црква (МПЦ-ОА, Украинската Црква …), дали Вселенскиот Патријарх или Вселенски Собор кои, патем, не се одржуваат или се неуспешни. Не се одржуваат ниту помесни собори. Од друга страна, на Православната Црква и’ се неопходни вакви собори, зашто има многу нешта кои го бараат вниманието на Едната, Светата, Соборна и Апостолска Црква.

За жал, православните поглавари не можат да се договорат да се сретнат а, камо ли, пак, да решаваат горливи проблеми.
Нема да употребам поблаги зборови и да речам дека постои „одредено несогласување меѓу верските поглавари“, ами ќе речам дека очи си вадат меѓу себе за тоа кој е поголем или за тоа која Црква е нечија Мајка и т.н.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не знам, можеби грешам но, моиве очи во сето ова гледаат огромна суета, претенциозност и ароганција. Нивното однесување не само што воопшто не е во духот на Христовото и апостолското учење и христијанската љубов, туку е спротивно на се’ она што Господ Исус Христос и апостолите поучувале.

Како последица на овие „борби“ меѓу православните поглавари, денес православните цркви се поделени на два блока: од едната страна Руската Православна Црква и нејзините „сателити“, односно Црквите кои ја подржуваат и, од другата страна, Цариградската Патријаршија и нејзините „сателити“. За жал, додека траат овие „борби“ за превласт, православните верници се збунети и вџасени.

Што да очекуваме? Можеби дефинитивна поделба на Православната Црква на Северна (Москва) и Јужна (Цариград), како што тоа се случи во 1053 година кога Црквата се подели на Источна и Западна? Се надевам дека ќе надвладее разумот и дека тоа нема да се случи но, …
По прашањето за доделувањето на автокефалноста на некои Цркви, меѓу кои е и МПЦ-ОА, се чудам и не можам да се изначудам, зошто на оние Цркви кои, се претставуваат како Мајки Цркви и, според нивното толкување, треба да доделат автокефалност, Руската кон Украинската Црква или Српската кон Македонската, им претставува проблем да доделат автокефалност? Зошто им пречи да доделат Томос на онаа Црква која ги исполнува условите да живее самостојно? Зошто не сакаат да покажат љубов? Зарем така се однесува една „Мајка“? Доколку имаат забелешки за функционирањето и живеењето на одредена Црква, во духот на христијанската љубов, за очекување би било да покажат мајчинска грижа и да ја посоветуваат и поучат одредената Црква, односно да и’ помогнат да застане на сопствените нозе и потоа, со радост да и’ посакаат добредојде во „светот на возрасните“ доделувајќи и Томос за „полнолетствие“. За жал, ова што се случува е далеку од покажувањето грижа и „мајчинска“ љубов.

Се прашувам, доколку утре Христос ги „посети“ православните водачи и ги запраша каде им е љубовта и зошто упорно одбиваат да ги примат овие Цркви во семејството на православните Цркви, што би одговориле? Кои оправдувачки причини би ги навеле, а да бидат во духот на Христовото учење?

За крај, со должна почит кон поглаварите на Православните Цркви, само ќе речам: „Ако љубов немате, ништо не сте!“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace