Во соопштение до јавноста денеска дополнителната заменик министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриеска-Кочоска изнесе шокантни податоци за зголемените износи на исплатени буџетски пари на име привремени вработување од страна на Владата на СДСМ и Зоран Заев.
Во ова време на целосна деградација на економскиот систем во државата каде граѓаните на Република Македонија се соочени со егзистенцијални прашања и опстанок на нивните семејства, испумпувањето на државниот буџет во несразмерно високи износи за плати за привремено вработените лица во државната администрација од страна на владата престставува извонредна можност за корумпирање на поголема група на граѓани во насока на остварување на политичко влијание пред претстојните парламентарни избори од страна на носителите на актуелната власт.
Токму за ваквата можност денеска во своето соопштение до јавноста зборува и дополнителната заменик министерка Гордана Димитриеска- Кочоска.
Нејзиното соопштение до јавноста го пренесуваме во целост во продолжение:
“Дозволете ми да ги претставам податоците во однос на потрошени финансиски средства за привремени вработувања во јавниот сектор.
Од 01.06.2017 година до февруари 2020 година, оваа Влада потрошила вкупно 1.363.953.998 денари за привремени вработувања.
Имено, само од 2017 година до 2019 година порастот на трошоците по основ на привремени вработувања е за 71,32%. Колку нови амбулантни возила би се купиле и колку би се допринело за намалување на загадувањето со овие средства?
Ме убедуваат дека не се користеле вработувањата за поткуп во предизборниот период, но во месеците јануари и февруари 2020 година има раст од 25,69% на трошоците по овој основ споредено со износот потрошен за истиот период 2019 година.
Напоменувам: Во овие износи не се вклучени трошоците на државните и општински јавни претпријатија, ниту нивните трговски друштва како пример АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО, АД Водостопансто и сл., за кои сите знаеме дека се едни од поголемите работодавачи во Македонија.
Со оглед на потрошените финансиски средства за привремени вработувања кои не треба да претставуваат редовно вработување, прашувам како оваа Влада утврди дека администрацијата треба да ја нуди во приватниот сектор, ако за време на своето владеење го зголемила трошокот за привремени вработувања за повеќе од 70%?!
Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните средства и за што истите се наменети!:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија