Во партиска реакција упатена до јавноста од Општинскииот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница денеска реагираа во врска со објавата на официјалната фејсбук страна на Општина Виница во врска со започнувањето на изградба на нова социјална зграда на 40 денови пред избори.
Според општинскиот комитет на опозициската партија во Виница со ваквото сликање пред камери од страна на градоначалникот се демонстрира евтин популизам, предизборен поткуп и потценување на интелегенцијата на граѓаните.
Дополнително од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница соопштуваат дека тендерот за изградба на социјалната зграда го добила токму фирмата на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.
Во продолжение ја пренесуваме во целост реакцијата на опозициската партија во врска со оваа тема во јавноста:
“Евтин популизам, предизборен поткуп и потценување на интелегенцијата на граѓаните е сликањето пред камери и почетокот на изграбата на социјална зграда 40 дена пред избори!
Онаа истата социјална зграда за која градоначалникот најавуваше дека ќе започне со изградба до крајот на 2018 година.
И погодете кој го добил тендерот, АТРИУМ ДОО Вевчани фирмата на Крсто Муковски! “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија