Дополнителниот заменик Министер за Земјоделство шумарство и водостопанство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски денеска на лице место од браната Калиманци ја алармираше владата и јавноста во државта во врска со неповолната ситуација со нивото на акумулирана вода во самата акумулација.
Браната “Калиманци” претставува најзначаен извор на вода за водоснабдување на земјоделските површини во Брегалничкиот регион со што директно е загрозена егзистенцијата на голем број на земјоделски семејства кои егзистираат од земјоделие по течението на реката Брегалница.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Цветан Трипуновски во врска со овој проблем:
“Ова позади мене е акумулацијата Калиманци и од она што можам да го видам на лице место дека имаме една алармантна ситуација односно акумулацијата има 30 милиони метри кубни вода иако знаеме дека вкупниот капацитет е 120 милиони метри кубни.
За 8-те општини Виница, Кочани, Зрновце, Чешиново – Облешево, Штип, Карабини, Свети Николе и Лозово годишните потреби за наводнување на земјоделските површини се околу 100 милиони метри кубни вода и со една ваква ситуација се доведува под знак прашалник новата 2020 реколта на производство на ориз и едноставно земјоделците ќе не можат да ја одгледаат оваа култура.
Инаку, оваа ситуација е резултат на несериозниот и недомаќински однос на акционерското друштво АД Водостопанство и нормално на целокупната влада на Зоран Заев затоа што минатата 2019 година имавме нерационално трошење на водата.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ будно ја следиме ова ситуација и за оваа катастрофа која што се случува некој после 12 април ќе понесе одговорност.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија