Денеска на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип упатија реакција во јавност во врска со пролонгирањето на реализацијата на новиот мост за патен сообраќај на река Брегалница за цели 2,5 години. Со тоа граќаните на Штип и останатото население кое што гравитира во овој дел од регионот поради неработењето на локалните власти предводени од СДСМ
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Влатко Николовски од ВМРО-ДПМНЕ:
“Би сакале да се заблагодариме на СДС што со денешното пуштање на мостот на Р.Брегалница ги промовира проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако наследија проект во напредна фаза на реализација со обезбедени средства од буџетот на Општина Штип,жално е што поради нивната неспособност и незаинтересираност граѓаните мораа да чекат цели 2.5 години за да почнат да го користат мостот.
Неработниците од локалната власт на СДС треба да се засрамат што 2.5 години во Штип немаат реализирано ништо од тоа што го ветија на граѓаните пред да дојдат на власт,па затоа пред избори сакаат проекти од претходната власт да ги препишат како свои успех.
Безидејноста на СДС во овој предизборен период е се поочигледна ,свесни се дека казната од Штипјани за нивнате лаги и манипулации ќе дојде на 12 Април, а до тогаш ги охрабруваме да смогнат сили и да завршат уште некој проект кои го имаат наследено од ВМРО ДПМНЕ. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право