Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалните мрежи сподели официјален документ на Државната изборна комисија кој беше целиот офарбан со црвено-црна боја (боите на ВМРО-ДПМНЕ).
Имено на поедини места во документот каде беше наведен терминот на “с” Антонио Милошоски овој термин го прекри со црвена боја, додека местата кои што декларираат лични имиња на носителот на документот ги прекри со црна боја.
Овој симболичен начин на обележување на овој документ во јавноста може да биде протолкуван во разни контексти, но несомнено е дека во овој негов своевиден симболизам е содржана суштината и интенциите за негово понатамошно политичко работење и можни идни ангажмани.
Притоа тој со порака истакна дека “Иселениците се нераскинлив дел од Македонија.”
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција во јавност:
“Почитувани пријатели,
секој што престојува/живее во дијаспората, има право да гласа на 11-ти април за парламентарните избори во Македонија. Се што треба да се направи е:
1. до 11ти Март да се регитрирате на страната на https://dijaspora.sec.mk/ и да наведете во која најблиска за вас амбасада/конзулат ќе гласате
2. за регистрација ви е потребен важечки МК пасош, како и некој документ да докажете дека сте надвор од Македонија (виза, дозвола за престој, зелена карта, одјавница од МК и сл.).
Иселениците се нераскинлив дел од Македонија. Поздрав и секое добро!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Работна група формирана при Министерството за култура и туризам ќе ја унапредува работата на туристичките водачи
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење