Граѓанската иницијатива за основање на политичката партија Родина-Македонија соопшти дека ги собра потребните 1000 потписи на основачи кои ќе ја регистрираат партијата пред надлежните органи во државата.
Дополнително тие во своето соопштение се спротивставуваат на цепкањето на Македонското гласачко тело од страна на неколкуте помали политички фактори кои немаат доволно политичка поддршка од граѓаните за да освојат сами 61 пратеник на претстојните предвремени парламентарни избори.
Таквото цепкање на народот преку политички поделби не оди во насока на подобрување на состојбите, туку директно оди во корист на корумпираниот систем на власта која ја оквалификуваат преку терминот “хунта”.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Родина:
СООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Браќа и сестри Македонци! РОДИНА МАКЕДОНИЈА има чест да ве извести дека Македонскот Народ ги собра првите над 1000 основачи на единствената суверенистичка визија, стратегија и програма, и го продолжува собирањето на изјави кај нотарите до петок!
Исто така РОДИНА МАКЕДОНИЈА во саботата, на високосниот/инокосниот/престапниот 29ти Фебруари 2020 го одржа своето основачко собрание и ги избра органите на партијата, Централен Одбор и Претседателство и го започна процесот на регистрација.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА за претстојните избори го потврдува својот став: РОДИНА на овие избори би учествувала единствено ако се обедини целиот неизвалкан и неинсталиран вонпарламентарен блок во широка суверенистичка платформа под бајракот на програмата на РОДИНА и во заедништво со независниот интелектуален потенцијал на нашиот народ, на начин на кој веднаш и “со пенкало” би ја срушиле Хунтата со 61 пратеник!
Во секој друг случај овие избори ќе доведат само до цепкање на македонскиот патриотски глас, нешто што корумпираниот систем го планира и посакува, и РОДИНА нема никогаш да учествува во такво предавничко цепкање на македонското тело!
Во секој друг случај, излегување на избори во Северна, крајно нелегитимна и криминогена творба, во која владеат недемократски услови, полнење на кутии, политички државјанства, косовски автобуси и бугарски возови, несредени избирачки списоци, црни пари за купување на социјално ранливите категории и нерешени случаи на фалсификувани записници претставува кланица, а не избори.
Веќе подолг период криминогените структури на западната меѓународна заедница, заедно со нејзините стипендисти во политичките партии, фашистички ја негираат волјата на нашиот народ и грубо ја прекршуваат меѓународната и домашната правна легислатива, како и Уставот на Република Македонија.
Северна ќе падне! Можеби на избори, можеби од улица, но ќе падне! Таа е изворот на целата беда на нашиот народ и Родина Македонија е посветена на тој пад и кревање на суверена просперитетна Република Македонија, држава која служи на својот народ. Тој процес е започнат и Родина Македонија секогаш, како и досега ќе биде во центарот на тој процес и политички и на улица сè до конечното ослободување на Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија