Денеска Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ Килиена Вал Шеф. На средбата станало збор за ефикасното управување со шумите во Македонија што за владата е клучен елемент за нејзината политика, информираше Николовски.
Не е познато дали на средбата станало збор за катастрофалните пожари и немилосрдното сечење на огромни количини дрвна маса од Пијанечко-Малешевскиот регион во изминатиот период Изминатите две години огромни површини на шумска маса беа соголени со што видно се сменија микроклиматските карактеристики на воздуход во крајниот исток на државата. Експоатацијата ја вршеа приватни фирми чии што шлепери секојдневно можеа граѓаните на Делчево да ги забележат како транзитираат низ центарот на градот, додека граѓаните последната зима мака мачеа со високите цени на огревното дрво.
“Топло добредојде му посакав на Амбасадорот од #ОБСЕ Килиан Вал Шеф. Ефикасното управување со шумите е клучен елемент на владината политика на Република Северна Македонија. Во таа насока соработката со ОБСЕ ја згомемуваме и продлабочуваме. Разговаравме за потребата за усогласување на актуелните стандарди за соодветно чување на оружје, зголемување на капацитетот на софистицирани тренинзи и обуки на нашите шумски полицајци, како и зголемена меѓуинстуционална соработка на шумските полицајци со институциите.”
-соопшти министерот Николовски за јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!