БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После подолго време во Делчево се организира поголем настан посветен на Гоце Делчев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денот кога се навршуваат 120 години од смртта на великанот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчево кој што е и патрон на Делчево од 1950 година, граѓаните на Делчево но и поширокиот регион ќе имаат убава можност да се потсетат на неговиот лик и дело како и значењето на неговите идеали во тековните политичко-општествени услови во кои што опстојува Македонскиот народ.

Овој настан ќе биде единствен од ваков вид кој што се реализира во Делчево на кој што еминентни научници ќе зборуваат за ликот и делото на патронот на Делчево.

Маѓународната манифестација “Гоцеви Денови” која што беше од најголемо државно значење преку која се ширеа идеите на Гоце Делчево во минатото, денес не постои така што оваа трибина ќе биде добра можност за сите граѓани следбеници и почитувачи на Гоце Делчево да се запознаат и меѓу себе да ги афирмираат вредностите кои што од Македонија последователно создадоа независна држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот е закажан во четврток 04 Мај 2023 година со почеток во 18.00 часот во Хотел Македонија Делчево.

“Во чест и слава на ликот и делото на патронот на нашиот град Гоце Делчев, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ организира Трибина под слоганот

“120 ГОДИНИ НЕПОКОР -Продолжуваме таму кај што тој падна”.

На денот 4 Мај 2023 година кога се навршуваат 120 години од смртта на идеологот на Македонското револуционерно движење во Делчево ја организираме оваа трибина со цел за афирмација на идеите за слободна и независна Македонија за кои што Гоце го даде својот живот.
Се покануваат сите граѓани на општина Делчево и поширокиот регион, достоинствено да му оддадеме почит и заедно да ги пренесеме неговите идеали во денешнината но и во иднината.

Настанот ќе започне во 18.00 часот а ќе се одржи во Хотел Македонија Делчево.

На трибината свое учество ќе земат
-Доц Игор Јуруков-Филозофски факултат Скопје,
-Проф. Д-р Иванка Василевска -Пратеник во Собрание на Република МАкедонија
-Проф. Д-р Ванчо Ѓорѓиев-Институт за национална историја.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace