БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Моќно видео: Започнува акцијата “Ова е Македонија за сите” на OK на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево споделија видео клип од работната атмосфера на нивните состаноци на кои што присуствува и Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски како и Координаторот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за ОК Делчево Боби Максимовски.

Со ова видео од Општинскиот Комитет ја најавуваат големата акција “Ова е Македонија за сите” која што ќе се реализира на локално ниво во сите населени места во Делчево во наредниот период.

Тимови на општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ќе го посетат секое населено место, секој дом како во градот така и во руралните населби за да споделат со своите сограѓани актуелни политички теми кои задираат до секој еден граѓанин во Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Околностите предизвикани од лошото ненародно владеење на актуелните функционери на СДСМ во Делчево како резултат на погубните политики на владата на ДУИ поддршана од СДСМ се силен мотив за опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се зафати во костец со решавање на проблемите на граѓаните што е можно побргу, а наша обврска како одговорни политичари е да понудиме јасни и брзи решенија со што Делчево и Македонија ќе тргнат напред, информираат од ВМРО-ДОМНЕ ОК Делчево во врска со претстојната акција.

Од партијата најавуваат дека сите потреби, предизвици и предлози на граѓаните кои ќе бидат пренесени на активистите на партијата при нивната пшосета на населените места во Делчево ќе бидат со најголема важност разгледани и вградени во програмските определби на партијата за наредниот период.

Погледнете го во продолжение моќнотоо видео со кое е најавена најмасовната и најголема акција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за соборување на актуелната ненародна власт во државата и во општина Делчево:

Како почеток на оваа акција е најавена голема Трибина “120 ГОДИНИ НЕПОКОР- ПРОДОЛЖУВАМЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ТОЈ ПАДНА” посветена на Гоце Делчев која ќе се одржи во Хотел Македонија Делчево во четврток на 4 Мај со почеток во 18.00 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace