Уредник на ТВ Телма, Боби Христов ја избриша својата објавена анкета на твитер откако ги виде резултатите кои во огромно мнозинство на граѓаните кои гласаа на истата беа во корист на Професорката Гордана Силјановска.
По ТВ дебатата на оваа телевизија на тројцата претседателски кандидати, новинарот Боби Христов објави анкета со наслов:
Следете ја првата претседателска дебата меѓу @pr_blerimreka @gogamkdи @SPendarovski и споделете став: Кој е победник во првата дебата ?— Bobi Hristov (@bobihrist) April 4, 2019
на твитер која професорката Силјановска убедливо ја доби со 64% од гласовите.

Втор на анкетата беше Стево Пендаровски со 25% од гласовите и Блерим Река со 11% од гласовите како трето пласиран.
По завршувањето на анкетата таа беше избришана од твитер од страна на новинарот и притоа тој ја промени приватноста на сопствениот твитер профил, така што ја ограничи можност сите граѓани да можат да се информираат од неговите информации.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина