БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уште неоладена фотељата на Анѓушев, неговата фирма добива бизнис од 1.6 милиони евра од Шеќеринска

Пренеси го гласот

Нашиот народ знае да рече: “На ти го дај ми го”. Според оваа стара народна изрека тековно функционираат актуелните функционери на СДСМ во власта.

Денеска на прес конференција Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ја алармираше јавноста за 1.6 милионскиот бизнис кој што приватна фирма на Кочо Анѓушев го добил од Радмила Шеќеринска како прв човек на Министерството за одбрана.

Во продолжение во целост ја пренесуваме писмената реакција на Јанушев во врска со овој скандал:

“Криминално-рекетарската банда на власт прави криминал и додека си ги пакуваат куферите. Радмила Шекеринска му дала тендер за струја на фирмата блиска на довчерашниот нејзин колега во Владата – Кочо Анѓушев. Ни повеќе, ни помалку, туку 1.6 милиони евра вреден бизнис.

Уште фотелјата не оладена од заминувањето на Анѓушев, Шекеринска го почасти со 1.6 милиони евра. Ова е мега скандал на бандитите на власт. Ваква криминална коалиција немало ниту во најлошиот период на транзицијата.

Еве зошто сакаат да бидат на власт, за да си доделуваат тендери како топки на фудбалско игралиште. За да крадат на грбот на народот. И, сега однапред да кажам дека Шекеринска ќе излезе и по принципот “нападот е најдобра (само) одбрана” ќе каже имало 4 понуди и токму фирмата блиска на довчерашниот нејзин колега го добила тендерот за струја во министерството, а патем нема да пропуштат да кажат дека ВМРО е најлошо и дека сеуште владее духот на Груевски … и така ќе сеат магла, ама нема да слишнете ниту збор за авантата од 1.6 милиони евра.

Да беше чесен политичар Шекеринска како што не е, денес ќе поднесеше оставка, а Рускоска да беше независен обвинител како што не е, веќе ќе беше пред вратите на домот на Шекеринска.

Затоа да им го расипеме планот на бандитите на власт, а тоа ќе се случи на 12 април. На тој ден народот ќе каже Заев и бандидитите никогаш повторно.”

Креирано од:


Пренеси го гласот