БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љутков: Овозможуваме усогласување на туристичките регулативи со стандардите на Европската Унија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Министерството за Култура и Туризам Министерот Љутков реализираше работен состанок со повеќе релевантни претставници на хотелиерите, угостители и автокампови.

На состанокот биле дискутирани повеќе актуелни прашања пд интерес на овие приватни стопанственици кои што во голема мера допринесуваат во БДП на државата.

“Остварив работна средба со претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови (ХОТАМ), г-дин Крсте Блажевски. На состанокот разговаравме за можностите и мерките за унапредување на угостителската и туристичката дејност во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата присуствуваше и Националниот координатор за туризам, г-дин Акан Махмут.

Како главни предизвици што бараат итна постапка ги издвоивме решавањето на проблемот со нелојалната конкуренција и потребата од поголема контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат, воведувањето единствени стандарди во инспекциските контроли, справувањето со недостигот на работна сила – особено во делот на сезонското вработување, обезбедувањето еднаков третман на домашните и странските инвеститори, како и усогласувањето на туристичките регулативи со стандардите на Европската Унија.

Се договоривме за приоритетни активности и конкретни чекори за надминување на состојбите и пречките кои ја ограничуваат конкурентноста на нашата туристичка понуда, како и за ангажманот на ХОТАМ во рамки на Советот на министерството и динамиката на реализација на договорените активности.

Како министерство, остануваме целосно посветени на зајакнување на соработката со стопанските комори и здруженијата во туризмот, со цел да обезбедиме одржлив развој и поголема конкурентност на македонската угостителска и туристичка понуда.”

-соопшти за јавноста во свое соопштение Министерот Љутков од денешниот состанок.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace