Денеска на скопскиот аеродром слета првата туристичка тура- една од многуте што ќе следуваат во наредниот период со авиокомпанијата Freebird Airlines од Германија. На аеродромот гостите ги пречекаа Министерот за транспор Александар Николоски и Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои што во својот ресор се најодговорни за перспективите за развој на туризмот во Макеодонија
“Ова е значаен ден за македонскиот туризам! Денес, пристигна првиот чартер лет со туристи на авиокомпанијата „Freebird Airlines“ од Германија, во рамките на потпишаниот договор за соработка со германскиот тур-оператор „РСД“.
Туристите ги пречекавме заедно со Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски и Националниот координатор за туризам Аккан Махмут.
Ова е важен чекор за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
Како министер за култура и туризам, сакам да истакнам дека развојот на туризмот е еден од нашите главни приоритети. Привлекувањето нови посетители и унапредувањето на конкурентноста на нашата туристичка понуда се клучни за нашиот успех.
Секој нов турист е можност да ја открие убавината на нашата земја, богатото културно наследство и традиционалната македонска гостопримливост. Верувам дека ова ќе придонесе за зголемување на интересот за Македонија на германскиот и поширокиот европски туристички пазар.
Сигурен сум дека оваа соработка ќе биде значаен импулс за зајакнување на економијата, развој на локалните заедници и отворање нови работни места во туристичкиот сектор.
Министерството продолжува да работи на поттикнување на туризмот и привлекување нови партнери од целиот свет. Имаме многу да понудиме и сме уверени дека нашата земја ќе стане попривлечна дестинација за сите.”
-Напиша на социјалните мрежи Минисерот Љутков по тој повод.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена