Големи се очекувањата на актуелните ресорни министерства од заживувањето на градежништвото во државата преку инвестициите во капитални инфраструктурни проекти дали преку трансерирањето на големата финансиска инекција за општините, но исто така и преку поддршката за развојј на стопанството. На целата приказна се надополнуваат и големите инфраструктурни проекти кои повеќе години беа закочени а сега повторно добиваат на засилена динамика за реализација што е главна определба на актуелната влада истите да бидат завршени што е можно побрзо.
Станува збор за различни категории на линиски објекти дали тоа се магистрални, регионални или локални патишта и улици, или подземна комунална и енергетска инфраструктура станува збор за сериуозна финансиска инекција за целокупното стопанство што на среден рок ќе допринесе за унапредување на стопанството и подобар животен стандар д ан грашаните.
Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
“ Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп –Градско, претходоно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 км експресни патишта и 31 км пруга.
Јас силно верувам дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што ќе работиме во наредниот период.”- изјави вицепремиерот Николоски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организиран настан за снимање спот со над 300 возила кои турирале со моторите. Полицијата реагирала експресно и ги растерала присутните
Македонија 7 дена ќе тагува по своите ангели кои заминаа на небесата
Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка