“Со задоволство ги поканувам сите стопанственици, идни претприемачи и невработени лица да бидете дел од настан кој овозможува нови перспективи и отвора врати за раст и развој.
Утре во Делчево со почеток во 12.30ч во Спомен-дом АСНОМ, ќе се одржи Информативен ден за мерката вработување и раст на правните субјекти, а директно на вашите прашања ќе одговараат заменик-министерот за економија Марјан Ристевски и претставници од Агенцијата за вработување и од Општина Делчево.
На презентацијата изворно ќе се запознаете со Оперативниот план за вработување, посебно актуелната мерка ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА кој е насочена за компаниите.
Основна цел на мерката е поддршка во креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.
Првата поддмерка е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која ќе се поддржат компании финансиски за вработување лица, а вкупниот опфат изнесува 1385 лица. Вкупниот буџет за оваа мерка е околу 5,4 милиони евра!
Секое ново вработување значи повеќе можности за нашите сограѓани, а секоја успешна компанија е двигател на развојот на целата општина.
Општина Делчево и понатаму ќе биде активен партнер во сите процеси што значат економски напредок, отворање нови работни места и задржување на младите во нашиот град.”
-соопштение упатено во јавноста од сграна на Градоначалникот на општина Делчеви Иван Гоцевски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга