БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После подолго време се гради нова улица во село Ѕвегор, делчевско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После подолго време жителите на делчевското село Ѕвегор добиваат нова сообраќајница во селото.

Станува збор за улица која што се протега во централниот дел на селото со која значително се подобрува секојдневниот живот на жиѕелите на ова пијанечко село а чија изградба беше долгогодишно барање на самите жители и месната заедница на селото.

Станува збор за реализација на поголем обем на градежни работи кои се реализираат со соодветна градежна оператива од страна на фирмата изведувач.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Должината на проектираната улица е околу 90 метри. Вредноста на проектот е околу 700.000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.

Реализацијата на овој проект е во рамки на годишната програма за работа на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски утврден по приоритетна листа од доставените проекти на месните и урбаните заедници.

Креирано од:


Пренеси го гласот