БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обновено уличното осветлување во село Смојмирово, беровско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Берово продолжува со реализација на активности за подобрување на комуналната инфраструктура, со обнова на уличното осветлување во село Смојмирово.

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2026 година,  се врши замена на постојните светилки, со нови ЛЕД енергетски ефикасни светилки, кои обезбедуваат поквалитетно и порамномерно осветлување на јавните површини.

Со поставувањето на современо ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста во вечерните часови, што придонесува за поголема безбедност на пешаците, учесниците во сообраќајот и сите жители на селото. Воедно, новите светилки овозможуваат подолг работен век, намалени трошоци за одржување и поголема сигурност во функционирањето на системот за јавно осветлување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Покрај подобрените услови за безбедно движење, ЛЕД технологијата придонесува и за значителна заштеда на електрична енергија, со што се намалуваат трошоците за јавното осветлување и се дава придонес кон поодржливо и поеколошко управување со општинските ресурси.

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот