Министерот за транспорт во Македонската влада Александар Николоски преку социјалните мрежи стави на цела македонска јавност достапно видео за приказ на напредокот и интензивните градежни работи кои што се случуваат на изградбата на автопатот Тетово- Гостивар.
Овој автопат е дел од Коридорот 8 кој што беше затекнат во замрзната фаза при доаѓањето на власт на актуелната влада, по што по силни напори на Министерот и неговите тимови, изградбата стартуваше со забрзано темпо, за да дојде до оваа напредна фаза во која што е денес по само една година напорна работа.
Коридорот 8 е дел од договорот со американско-турскиот конзорциум и од од високо инфраструктурно значење за стратешките интереси на Македонија и нејзините меѓународни партнери, пред се САД.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија