Денеска во посета на Штип беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој заедно со градоначалникот Иван Јорданов и со директорите на локалните институции извршија увид на тековните активности околу реализацијата на повеќе капитални инфраструктурни проекти кои што локалните власти ги реализираат за штипјани.
Станува збор за изградба и уредување на повеќе игралишта, спортски терени, јавни површини, партерно уредување, поставување на урбана опрема, асфалтирање на велосипедски патеки, улици, комунална инфраструктура….
Директорот Игор Ефтимов на ЈП “Стипион” Штип кој што е во огромна мера заслужен зза ефектуирањето на ваквите проекти преку социјалните мрежи упати своја порака во јавноста:
“![]()
Денес направивме увид во градежните активности на повеќе локации во градот.
Општина Штип е општина каде и покрај енергетската и финансиска криза постојано се гради , реконструира и реновира, се со цел Штип да биде убаво и модерно место за живеење.
Продолжуваме мотивирани со исто темпо за да ги реализираме сите проекти кои беа ветени во програмата на градоначалникот Иван Јорданов!!
#ЈПСтипион#ОпштинаШтип#ВМРОДПМНЕ“
-напиша Игор Ефтимов- Директор на ЈП “Стипион” Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево