Ако не победи после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево.
На митингот во овој град на крајниот исток во државата каде најсурово се чувствуваат катастрофално лошите политики на неговата партија СДСМ тој даде шокантна изјава:
“Добровечер Делчево, на почетокот едно прашање: Како поминавме овдека на изборите дали победивме? Дали ќе победиме и сега?
– Иначе не ви идам у втор круг уопште ако не водам уште во први круг!”
После еден ваков скандалозен старт на митингот во Делчево човек кога слуша низ глава му вртат повеќе прашања:
Дали Стево Пендаровски е свесен дека зборува пред граѓани на една од најсиромашните општини во Државата?
Дали знае колку народ се иссели од Делчево изминатите години додекаа тој удобно си го помина мандатот од пет години на грбот на граѓаните во Вила Водно?
Дали Претседателот (сеуште) знае да зборува Литературен Македонски јазик?
Дали е свесен дека на народот не му е до смешки особено не бајати смешки кои немаат врска со реалноста?
Дали ќе се извини на делчевчани за ваквиот потценувачки одност кој се граничи на раб на пропагандна уцена, дека ако не победи нема да доаѓал во Делчево?
Впрочем тој и така не доаѓаше во Делчево додека беше Претседател со исклучок на еден настан за промоција на книга кога со одбрано друштво се затвори во еден илегален хотел на периферијата во Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице
Двајца против двајца: Кочанчани се пресметувале физички во двор на семејна куќа во Кочани