Дојдено е времето да се ослободиме од власта на ДУИ и СДС. Пробиштип ја има таа несреќа го владее градоначалник од СДС, граѓаните од Пробиштип не видоа ништо добро во текот на овој мандат.
Со новата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека ќе го реконструираме и прошириме патот до Свети Николе, се обврзуваме дека ќе го реконструираме патот и до Кратово. Исто така се обврзуваме дека околу 7 милиони евра ќе делегираме од централниот буџет до општина Пробиштип за нови локални инфраструктурни проекти.
Пробиштип заслужува промени. Пробиштип заслужува повторно да биде горд и ги повикувам сите граѓани на 24 април да излезат и да ни се придружат во големата и победа и прослава.
-рече денеска на прес конференција од Пробиштип Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото