Летото тромаво одминува,
Полека есента настапува,
Учебната година започнува,
Но, тоа не ме радува
Ме тера да тагувам.
Училиштето обелено со вар,
На врата виси катинар,
Селото е празно пусто,
Празен е и школскиот двор.
Нема смеа нема џагор.
Каде се учителите ?
Каде се родителите?
Зошто ги нема децата?
Јаве ли е или само сон?
Онемел школскиот ѕвон !
Времиња чудни судбини тешки,
На очи навираат солзите жешки,
Селата се празнат татковино драга,
Ми иде да викам да плачам ко дете,
Ме обзема тага, ме обзема тага.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот