Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски на социјалните мрежи објави свои фотографии во присуство на членовите на општинскиот Комитет на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Од споделените фотографии може да се забележи дека “машината” на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е во целосен погон со оглед на масовноста на настаните и активностите кои ги пренесуваат во јавноста.

“Дожделивото време го искористивме за победничка дружба со Унија на ветерани на Вмро-Дпмне Делчево.
Спремни за НАЈГОЛЕМИОТ НАРОДЕН МИТИНГ ОВАА САБОТА ВО ДЕЛЧЕВО.
Берикетна ќе биде оваа дружба…
За Македонија повторно горда!”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“