Отворен е нов собирен центар за отпад во Виница!
Виница прави значаен чекор кон почиста, поздрава и позелена иднина!
Општина Виница потпиша договор за соработка со ДУО „ЕКО ГУМА ТРЕЈД“ ДООЕЛ – Свети Николе, со што станува прва општина во Источна Македонија и прва во Македонија по скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров што започнува со организирано собирање и управување со отпадни гуми
КАДЕ СЕ НАОЃА СОБИРНИОТ ЦЕНТАР?
Во кругот на ЈП „Солидарност“ – Виница.
ШТО МОЖЕТЕ ДА ОДЛОЖИТЕ БЕСПЛАТНО?
Отпадни гуми
Стар текстил, облека и постелнини
Електричен и електронски отпад – стари домашни апарати, компјутери, телевизори и слично
СЛЕДЕН ЧЕКОР: СОБИРАЊЕ И КАБАСТ ОТПАД!
На наредната седница на Советот на Општина Виница ќе биде предложена одлука со која ќе се овозможи ЈП „Солидарност“ – Виница да започне со собирање и на кабаст отпад, како што се:
Стар мебел, душеци и кревети
Санитарија и дрвенарија
Прозорци, врати и друг сличен отпад
ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ГРАДЕЖНИОТ ШУТ
Во завршна фаза се и подготовките за планот за целосно уредување и модернизација на депонијата за градежен шут, со цел нејзино усогласување со потребните стандарди.
ЗОШТО Е ОВА ВАЖНО?
Со правилното одлагање и управување со отпадот:
Ги намалуваме дивите депонии
Го спречуваме загадувањето на почвата и природата
Придонесуваме за почиста и поздрава животна средина
Создаваме подобри услови за живот за сите граѓани
ПОЧИСТА ВИНИЦА Е ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ НАС!
Секој правилно одложен отпад е чекор кон позелена иднина. Да покажеме еколошка свест, да се грижиме за нашата околина и заедно да ја направиме Виница пример за одговорен однос кон природата!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа