БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виолета Ачкоска: 23 Октомври, ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По децении исполнети со борба за своја црква и просвета на мајчин јазик, во втората половина на XIX век, на 23 октомври 1893 г. во Солун беа поставени основите на Македонската револуционерна организација (МРО) која во колективната меморија на македонскиот народ е позната како Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, преку внатрешно востание и за воспоставување автономија на Македонија како чекор кон независна држава. Круна на нејзината дејност е Илинденското востание во 1903 г. како највозвишен чин на саможртва на македонскиот народ, кој речиси голорак, без ничија помош, тргна да се бори против отоманската власт. Востаничкиот Илинден остана длабоко врежан во срцето на секој Македонец, станувајќи светилник на остварување на идеалот за слобода и државност за идните генерации.

По првиот, го имавме и вториот победоносен Илинден, АСНОМ – 1944 и третиот 8 септември 1991. Во долговековната борба на Македонците да бидат свои на своето, тоа е духовната нишка на контиунитетот, на траењето во времето и просторот, на самосвест која и во најбезнадежните ситуации секогаш одново им дава сила да бидат феникс кој се раѓа од пепелот.

Борбата продолжува, зошто историјата никогаш нема бели страници. Ќе дочекаме нови ИЛИНДЕНИ. Нека ни е честит празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонија вечна.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace