Дали сте подготвени за овој неверојатен вкус за сите сетила? Лето.плажа,рум кафе и шлаг пена е вашата добитна комбинација.
Потребни состојки:
175 милилитри шлаг пена
10 грама млеко во прав
15 грама кафен шеќер
Прстофат сол
175 милилитри црно кафе, свежо подготвено
60 милилитри зачинет рум
15 милилитри едноставен сируп
Свежо изрендано морско оревче, за декорација
Комбинирајте ја шлаг пената, млекото во прав, кафениот шеќер и солта во еден сад и матете додека не добиете хомогена смеса во форма на шлаг. Ставете ги кафето, румот и сирупот во претходно стоплена шолја, па со помош на лажица префрлете го шлагот во шолјата. Изрендајте морско оревче, по желба. Послужете веднаш и уживајте во овој уникатен вкус.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ