Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се пофали со мерката за помош во овие кризни времиња за пензионерите.
По 1000 денари повеќе ќе легнат на сметката овој месец на пензионерите како помош од владата за подобрување на животниот стандард кој во огромна мера е загрозен од енормното зголемување на цените на продуктите во потрошувачката кошничка.
“Започна исплатата на пензиите кои се за 1000 денари повисоки од овој месец. ✅
Секој пензионер во следните три месеци ќе добива плус 1000 денари на својата сметка како финансиска поддршка во услови на криза.
Покрај овие средства, со новата методологија која ја донесовме обезбедивме историски најголем раст на пензиите”.
-соопшти премиерот Ковачевски во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси