Денеска по повод 157 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во општината која што го носи неговото име беше организирана пригодна свеченост за одбележување на родентенот на овој великан.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, делегации од општината, локални и државни институции, здружениеја и останати почитувачи на ликот и делото на Ѓорче Петров, со полагање цвеќиња и поклонување пред неговата биста оддадоа достојна почит на еден од двајцата автори на првиот Устав на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Другиот бил Гоце Делчев.
“
Денес, на 2-ри април, го одбележавме денот на раѓањето на великанот Ѓорче Петров, еден од најистакнатите идеолози, организатори и афирматори на Македонската Револуционерна Организација. Македонската историја е богата за уште еден херој чиј неуморен и борбен дух ни овозможува живот во слободна земја. Големо е неговото дело!
Ѓорче Петров бил непомирлив и конзистентен како револуционерен мислител. Суптилно ги разработувал патиштата и начините на македонската борба за слобода и независност.Денеска, се бориме со предизвиците на модерното време. Принципите од кои ние никогаш нема да отстапиме се модерно, урбано и хумано Ѓорче. Наша задача е да работиме чесно и посветено и да ги остваруваме аманетите оставени од предците. Да создаваме, остваруваме и да негуваме вредности.
живее споменот за хероите! ![]()
![]()
“
-напиша на фејсбук Александар Стојкоски- Градоначалник на општина Ѓорче Петров.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена