На денешната комисиска расправа во Комисијата за финансии и буџет во Собранието на Република Македонија, Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски поднесе предлог амандман за обезбедување на 800 милиони милиони денари за изградба на социјални станови за социјално загрозени семејства во Република Македонија.
Ваквиот предлог тој го образложи како потреба за граѓаните во државава кој би бил продолжение на активноста за изградба на станови за лица со ниски примања, како практика која што беше започната од страна претходните Влади на ВМРО-ДПМНЕ и беа изградени голем број на вакви станови, кои што станаа дом за голем број семејства во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ има направено таква зграда во Штип каде подели 99 станови на социјално загрозени семејства, и се надевам дека ќе го зголемите овој проект,
-истакна Мицевски.
Тој порача дека треба да се обезбедуваат средства за социјално ранливите категории за станови кои што ќе решат животно прашање на луѓето, а не да се даваaт пари во Фондот за иновации кои ќе завршуват на разни сомнителни начини, па потоа откога ќе се откријат луѓето да се откажуваат од средствата кои ги добиле од Фондот за иновации.
Предлогот беше дрско отфрлен од страна на Министерот за финансии Драган Тевдовски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!