БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владимир Ѓорчев-по патеката на војводите во Беровско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска се одбележа 112 годишнината од загинувањето на еден од најистакнатите борци од илинденската епопеа- Дамјан (Даме) Груев.

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово заедно со членовите на Местниот комитет од село Русиново, денеска на повеќе локации се спроведоа низа на активности со кои се одбележа овој ден.

Во 09.00 часот со собир на граѓани во центарот на село Русиново започна настанот, по што се одржа панихида со свештено лице од МПЦ за загинатите и положување на цвеќе пред бистата на Даме Груев во центарот на селото.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Потоа по последната врвица на војводите беше посетено местото каде што го Даме Груев им подлегнал на повредите од прострелната рана во ногата и починал, во непосредна близина на врвот Петлец.

На самиот настан беше присутен пратеникот Владимир Ѓорчев кој за таа пригода на фејсбук напиша:

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово беше одбележана 112-годишнината од смртта на Даме Груев.

Македонија беше идеалот за кој што го положи својот живот на возраст од 35 години. Неговото дело, кауза и аманет се вековна инспирација за генерации Македонци.

Македонскиот револуционер Даме Груев е основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.

Даме Груев беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година.

Роден е на 19 јануари 1871 година, како 4-то дете во неговото семејство од Смилево.

Загина за Македонија. Слава му!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace