БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владо од скопско Ѓорче Петров бара помош од хумани граѓани за финансии за лекување и храна

Пренеси го гласот

Владо и неговата мајка Снежана Јовановски од општина Ѓорче Петров од Скопје се во крајно незавидна и неповолна егзистенцијална ситуација, обидувајки се да преживеат.

Во моментот немаат никакви финансиски примања а социјалната помош која што ја примале според нивните кажувања завршила со изминатиот месец септември. Владо е во незавидна физичка состојба речиси неподвижен и не може да оди по институциите со автобус за да аплицира повторно за користење на социјална помош а воедно и поради немање на никакви финансии не може да иде со такси до надлежниот центар за социјална грижа.

Неговата незавидна приказна се обидувал да ја раскаже на останати медиуми но поради редица на причини неговата сторија останува нераскажана во јавност.

Владо и неговата мајка побараа од Брегалнички портал нивниот апел за помош да биде објавен со цел хумани граѓани кои што можат да им помогнат со финансии или храна тоа да го направат на наведените сметки подолу.

Во 2022год Владо е нападнат од повеќе кучиња, каде за жал останува инвалид (лекарски извештај во продолжение). Итно им е потребна било каква финансиска помож за да продолжат со својот живот.

Владо и неговата мајка живеат под кирија, во кајно лоши услови во влага, им недостигаат пари за ќиријата а плаќаат скапи лекови и за жал веќе немаат средства ниту за храна.🙁

Упатуваме апел до сите хумани граѓани кој колку може да помогне со финансии и со храна.

Во продолжение ја пренесуваме медицинската документација на Владо и број на денарска и девизна сметка во банка на мајката Снежана Јовановска за донации:

Телефонскиот број на мајката Снежана Јовановска е 078659518 доколку некој сака да им помогне со намирници за да преживеат.

Креирано од:


Пренеси го гласот