Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упатија свој повик во јавноста до сите Македонци, горди и достоинствени граѓани на Делчево да се придружат на нивниот митинг кој што ќе се одржи на Летната сцена во Делчево в сабота 20.04.2024 година со почеток во 20.00 часот.
Настанот се организира за поддршка на Професорката Гордана Силјановска Давкова која е во трката за претседател на Републчика Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”.
“Почитувани Делчевчани, драги сограѓани,
исправени сме пред историска одлука: Македонија ќе тргне по патот на промените за подобар живот на 24 април.
Со глас за број 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова сите заедно ќе избереме иднина за нашето Делчево.
Наша чест е да ги повикаме сите добронамерници, сите Македонски ќерки и синови, сите смели и промислени следбеници на делото на нашиот патрон Гоце Делчев: ПОБЕДАТА ПОЧНУВА ОД ДЕЛЧЕВО!!!
-Во сабота 20.04.2024 година со почеток во 20.00 часот на Летната сцена во Делчево повторно ќе пламне гордоста на Македонија. Големиот сенароден митинг е наша заедничка можност да упатиме гласна порака во какво Делчево сакаме да живееме.
Заедно со Професорката Гордана Силјановска Давкова, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”, сите чесни и горди граѓани….
Дојдете Македонци, ги повикуваме сите делчевчани да ни се придружат на овој грандиозен настан со кој ќе започнеме нова горда и убава приказна за нашето Делчево.
Македонија повторно горда, Делчево, повторно гордо!
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево