Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, оствари средба со Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
На средбата соговорниците се осврнаа на повеќе прашања кои се од билатерално и регионално прашање. Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово.
Соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот Договор со Република Грција и нагласи дека Партијата не може да поддржи Договор со таква содржина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!