БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одбележана годишнината од избувнувањето на Охридското востание

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја одбележаа 105 годишнината од Охридското востание.

Ова востание е малку познато во целокупната македонска јавност.

Во историографијата е Охридско-дебарско востание (познато и како Охридско востание)  избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По повод 105 години од Охридското востание делегации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и МК Велгошти положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на стреланите востаници во виорот на Востание во 1913 година од страна на окупаторот, во организација на Месната заедница од Велгошти.

Охридското востание е вооружен бунт со кој македонскиот народ се спротивставил на насилната поделба на Македонија, а идејата на востанието да го сврти вниманието на светската јавност за направената грешка со Букурешкиот мировен договор со кој Македонија е поделена помеѓу соседите.

„Секој беше уверен дека победата е на страната на народот, не само затоа што беше поброен од војската, туку и затоа што беше мотивиран и беше готов да се фрли во оган, макар и со празни раце.
Дебар ликуваше. Македонското знаме се развеваше на секој прозорец, а во Охрид навистина, целиот народ ликуваше. Собрани толпи на прозорците само чекаа да се јави некој од привремената влада или војводите, за да викне ура!“ – Петар Чаулев

Чествувањата се наш завет од предците, аманет за идните генарации и наш долг кон оние кои ги дале животите за македонската самобитност.

-соопштија од партискиот огранок во Охрид.

Креирано од:


Пренеси го гласот