БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија.

Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”.  Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност.

Дополнително, Филипче не се огради ниту од ставовите на членови од неговата партија, кои го негираат делото на Гоце Делчев и македонската историја. Филипче не се огради од неговиот член на ИО Рубин Земон, кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Филипче води политика на попуштање, понижување и отворање простор за нови уцени кон Македонија, само поради свои лични интереси за да дојде на власт.

Додека македонскиот народ очекува државнички став и црвени линии за идентитетот, јазикот и историјата, Филипче продолжува со тивка поддршка на наративите кои ја негираат Македонија.

Македонскиот идентитет не е предмет на преговори. Македонскиот јазик и историја не се тема за политички пазарења.

Секој политичар кој молчи пред навреди кон Македонија, директно ги охрабрува оние што сакаат да ја разнебитат државата и националното достоинство.

Македонија заслужува политичари кои ќе ја бранат државата, а не да молчат пред нејзините негатори.

-интегрален текст на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace