“Почитувани,
СДС прави изборни злоупотреби.
СДС во период пред избори преку хуманитарна организација во Штип, ангажира волонтери во штипската Клиничка болница со ветување дека по изборите истите ќе бидат вработени. Додека само пред месец дена, директорот поставен од страна на СДС ги раскина договорите на над 40 волонтери, кои беа ангажирани подолг временски период наназад за да сега се вработат нови пред изборите.
Волонтерите се ангажираат преку хуманитарна организација, а работат во Клиничката болница во Штип.
Ова е скандал од меѓународни размери и пример за партизација.
СДС ја спроведува политиката на Заев за бркање од хигиеничар до министер на сите кои не се СДС, за на нивно место да се постават членови на СДС.
Во штипската јавност се погласни се информациите дека директор на Клиничката Болница Штип, Ален Ѓоргиев и носител на советничката листа во Штип на ангажираните лица им ветувал дека по завршувањето на изборите ќе бидат вработени.
Почитувани, ова е скандал од меѓународни размери! Ова е злоупотреба на хуманитарната организација.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и претставниците на меѓународната заедница во Македонија да реагираат на овој чин на партизација.
Целата македонска и штипска јавност се згрозени од злоупотребите кои се вршат од страна на функционерите на СДС на локално ниво.
За ваквата партизација и злоупотреба на институциите за вработување на партиски активисти, граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври.” – изјави Трајле Димков.
https://www.facebook.com/videovesti/videos/856275861198528/
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите.
„Финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани – Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година“
Левица со Предлог – закон за патни трошоци за работниците