БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Берово одбележан денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со длабока почит кон минатото и со гордост за слободата што ја живееме, денеска, во Берово започна одбележувањето на 23 Август – Денот на нашиот град.

Пред споменикот на паднатите борци во НОВ, во близина на ОЈУДГ „23 Август“, со положување свежо цвеќе и краток осврт кон нивното дело, оддавме почит на хероите, кои со својата храброст, пожртвуваност и непокор, ни ја подарија највредната придобивка – слободата.

Нивната борба, не е само дел од нашата историја, туку траен завет, дека слободата, достоинството и иднината, се вредности, што мора да ги чуваме и пренесуваме на идните генерации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Делегации од политичкиот и јавниот живот се поклонија пред спомен-плочата, во знак на благодарност и длабока почит кон сите оние, кои го дадоа својот живот за слободата на нашиот град и нашата татковина.

Одбележувањето продолжи со традиционалната свечена седница на Советот на Општина Берово, која ја водеше претседателот на Советот на Општина Берово, Владко Шахпаски.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, со порака исполнета со благодарност кон минатото, но и со поглед кон иднината – кон Берово, кое заеднички го градиме како општина на можности, развој, единство и просперитет.

На свечената седница беше прикажана видео-презентација со инсерти од реализираното во изминатата година, како сведоштво за посветената работа на општинската администрација и напредокот на нашата општина.

Со особена чест и гордост, доделивме благодарници и плакети на поединци, кои со својот труд, посветеност и придонес, се дел од континуираниот раст и развој на Берово.

Посебно место на свечената седница имаа нашите најмлади – учениците, прогласени за ученици на генерација од основните и средното училиште во Општина Берово, како и учениците кои постигнаа исклучителни резултати и под менторство на своите наставници, освоија награди на државни и меѓународни натпревари. Нивниот успех е гордост за нивните семејства, училиштата, но и за цело Берово.

Во чест на празникот, имавме можност да уживаме и во прекрасните музички изведби на мандолинските оркестри при основните училишта во Берово и во село Русиново, кои со својот талент и младешка енергија му дадоа посебна убавина на празничниот ден.

Денеска, заедно, му оддадовме почит на минатото, ги прославивме достигнувањата на сегашноста и ја потврдивме нашата заедничка верба во иднината.

Берово е спомен, корен, традиција, љубов и заедништво. Тоа е град создаден од луѓе кои знаеле да се борат, да создаваат и да веруваат.

Честит 23 Август – Денна Берово!

Нека празникот ни донесе уште повеќе единство, просперитет и успеси, а споменот на оние кои ја создадоа нашата слобода нека биде вечен поттик да продолжиме да градиме подобро Берово за сите.

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот