Интегрален текст на реакција на Драган Стоиловски од Координативното тело на Македонците во Европа:
“Заклучоци од ЕУ самит за идниот буџет 2021-2027
По четиридневна нон стоп дискусија на лидерите на државите членки на ЕУ , се донесе толку очекуваниот буџет од 750 милијарди евра за наредниот 7 годишен период .
Тоа подразбира зголемување на стапката на даночните обврзници како и зависноста од нови кредити на повидок .
Тоа што е “интересно “ за Македонија е дека буџетот ќе се зголеми за Миграции и прифаќање на мигранти во државата .
Во заклучокот 103 од конечниот документ јасно е прецизирано дека државите членки и соседните држави ќе треба да ја развијат и применат стратегијата за прифаќање , интеграција и целосно вклопување на мигрантите и азиланти во нивниот систем .
Тоа пак подразбира , претварање на Македонија во буниште на сите отфрлени и новодојдени мигранти и отворен процес на драстично менување на етничкиот состав на населението . Процес кој отпочна и беше зацртан уште со Агендата на ООН во 2016.
Секое натегање во преговори со ЕУ под нивен диктат подразбира совесно македонско исчезнување во секаква смисла на зборот.”
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157563993527648&id=607812647

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист