БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Македонска Каменица од утре започнува големата 3 дневна манифестација по повод празникот Голема Богородица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од утре започнува најголемиот музички настан во Брегалничкиот регион за ова лето кој ќе се реализира во Македонска Каменица.

Платото пред црквата Успение на Пресвета Богородица и градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе биде музички епицентар на регионот цели три дена во чест на Денот на рударите, големиот христијански празник помеѓу народот позната како Голема Богородица.

Утре Петок (26.08.2022 година) со почеток во 20.00 часот музичкиот спектакл ќе го отворат музичката дувачка сензација Џамбо Агушев со неговиот оркестар, по што сцената ќе им припадне на Пере Нокаут, за целосно уживање и забава на крај на вечерта ќе се претстават Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наредниот ден во Сабота на 27-ми август е посветен на неизбежната и незаменлива македонска традиција со богат колорит на фолклорни друштва и мизика и настапи инспирирани и родени од Македонската традиција. Секако во духот на европските и добрите меѓународни односи кои ги негува Македонска Каменица ќе настапат пред присутната публика и фолклорни групи од Бугарија и Србија.

Безвременскиот глас на Вера Милошевска-Јосифовска и Македонскиот музички бенд “Љубојна” ќе понудат незаборавен музички перформанс во заедништво со магичната сценографија која ја нуди монументалноста на црквата Успение на Пресвета Богородица.

За крај на вечерта но не помалку блескави од целокупната понуда на оваа манифестација ќе настапат Поп-Рок бендот Ареа со нивниот своевиден концертен кам-бек пред Македонската публика.

Третиот ден во недела на 28 Август е крешендото на оваа незаборавна манифестација кога е најавено да настапат дувачката денс сензација Brass Brothers, Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд како и балканската музичка ѕвезда Петар Грашо.

Се на се, градоначалникот на општина Македонска Каменица заедно со КИЦ Романса и тимот околу себе за оваа година нудат динамично музичко шоу буквално за сите граѓани на Македонска Каменица но и пошироко во регионот во тек на три денови колку што ќе трае самата манифестација.

Ова според организаторите се Концерти кои не се пропуштаат, затоа бидете таму!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace